Единечен слој на јаглеродни атоми може да ги зголеми електронските сигналите од гигахерц до терахерц фреквенции без никаков отпор.
Нови експерименти со графен покажуваат дека овој единечен слој на јаглеродни атоми може да ги трансформира електронските сигнали на фреквенциите на гигахерти во сигнали со повисока фреквенција, кои можат да префрлат до 1.000 пати повеќе информации во секунда.
Конвенционалната силиконска електроника има проблеми со ракување со таков тип на високофреквентни сигнали. Но, уредите базирани на графен можат.
Со ова идната електроника ќе работи многу побрзо од денешните уреди, објавија истражувачите онлајн на 10 септември во списанието Nature.
Кога електромагнетни бранови го погодуваат графенот, електроните во материјалот брзо се загреваат и се ладат, ослободувајќи електромагнетни бранови со фреквенции до седум пати повисоко од оние кои првично доаѓаат.
“Ова е уште еден неверојатен резултат за графенот”, вели Орад Решеф, физичар на Универзитетот во Отава.
2-D материјалот се смета како суперматеријал заради своите извонредни способности, како што е спроведување на електрична струја без отпор.