Социјалната мрежа Twitter подготви редизајнирана верзија на својата веб-страница која е во тестна фаза.
Новиот дизајн донесува букмаркс, таб за пребарување и нов data-saver mode, а на него преовладува белина.
Новиот изглед нема да го добијат сите корисници истовремено, а Twitter за кратко го покажа во неодамнешен твит. Дизајнот е во фаза на тестирање и достапен им е само на мал број на корисници кои ќе се одлучат за новиот изглед.
Оние кои го добија новиот изглед на Twitter, заклучуваат дека дизајнот е минималистички и преовладуваат бели површини, како дека има доста празен простор. Новиот Twitter естетски изгледа убаво, но поради помалку информации во истиот простор како и порано, ќе морате повеќе да скролате. Во левиот столб на тајмлајнот нема ништо, додека трендинг темите се преместени десно со препораките за follow. Исто така, го нема повеќе ни малиот прозорец кој го прикажува вашиот аватар и бројот на следачите.
Тука е и новото “постојано” compose tweet копче кое се наоѓа во долниот десњн агол на страницата, така што не морате повеќе да скролате назад кон горе за да објавите твит.
Twitter конечно воведе и букмаркс, како и explore tab за пребарување кој ги менува Moments.
Редизајнот го донесува и новиот data-saver режим кој го спречува автоматскиот преглед на страници и фотографии, што веројатно им е наменето на оние со побавна интернет конекција.
Најмногу е подобрена секцијата на директни пораки. Секој кој разменува директни пораки на Twitter знае дека интерфејсот за пораки е недоволно добар. Новата верзија е далеку од независна апликација за допишување на која многумина се надеваа, но сепак претставува значително подобрување во однос на старата верзија. Нема повеќе ниту еден мал pop-up прозорец, бидејќи кликот на пораките ја прикажува целата страница само занив, така што брзо можете да ги погледнете постоечките пораки, да ги прегледате барањата за пораки и да испратите нови.