Од Министерството за одбрана на Русија објавија видео снимка од подобрената верзија на дронот „Алтаир“. Се верува дека прототипот дронот може да понесе и два тони оружје.
Прототипот на дронот со број „03“, на видео снимката може да се види како се тестира во зимско време на непозната локација. Најверојатно станува збор за трет прототип на дрон, а кој во однос на претходните верзии имал бројни подобрувања.
Еден од додатоците е магацин во носот на леталото каде што најверојатно се крие сателитска антена. Дронот е опремен со два V12 дизел мотори кои што произведуваат сила од по 500 коњски сили при полетувањето.
Руските медиуми соопштија дека дронот тежи околу пет тони, а точните карактеристики на дронот сепак и натаму остануваат мистерија. Се шпекулира дека може да понесе два тони оружје и има радиус на лет од 10 илјади километри, меѓутоа од руското Министерство за одбрана одбиваат да откријат детали.
Првата верзија на дронот беше прикажана во 2015-та година, додека вториот прототип е забележан миинатата година во фабрика во Казан.
Од друга страна Американците веќе со години извршуваат бројни операции со своите дронови ширум светот, кои што се убедливо најнапредни, со најголем оперативен досег и можат да понесат најголема количина на оружје. Најпознат меѓу нив е “MQ-9 Reaper” кој го произведува General Atomics Aeronautical Systems.