Хотелот “Henn Na”, чие име во превод значи “чуден”, е првиот хотел во светот кој наместо персонал има роботи, а токму поради таа причина влезе и во Гинисовата книга на рекорди.
Првиот хотел е отворен во 2015 година во Нагасаки и станал дел од ланецот. Сега ги има осум во целата земја.
Познато е дека Јапонците сакаат роботи, но гостите навистина се изненадуваат кога на рецепција ќе ги пречека робот диносаурус. Во нив се наоѓаат сензори кои ги детектираат движењата и кога гостите се приближуваат до рецепцијата, тие ги поздравуваат со “Welcome”.
Изгледаат како да излегле од филмот “Jurassic Park”, а единственото нешто што ги разликува е тоа што на главата имаат мали капи и носат лептир машни. Гостите внесуваат лични податоци во посебен дел, а можат да бираат на кој јазик роботите ќе комуницираат со нив – јапонски, англиски, кинески или корејски.
Во секоја соба се наоѓаат мини роботи под називот “Tapiа” кои им помагаат на гостите да ги менуваат програмите или музиката. Дури и рибите кои се наоѓаат во предворјето во аквариумот работат на батерии, а кантите за ѓубре се исто така автоматизирани. Децата посебно ги обожуваат малите роботи во облик на јајца со кои можат да си играат.
Извор: 24sata.info