Една од компаниите кои се прославија по производство и пласман на средно-буџетски смартфони, Blackview презентираше нов смартфон BV6800 Pro кој влегува во категоријата супер-заштитени паметни телефони. Станува збор за смартфон со сертифициран воен стандард MIL-STD-810G, кој опфаќа заштита од удари, заштита од вода и прашина според класата IP69K. Покрај тоа, уредот е опремен со силна батерија и NFC модул за бесконтактни плаќања.
Зајакнатиот заштитен паметен телефон од падови и прашина, исто така е заштитен и од потопувања до длабочина од 5 метри. Екранот е со дисплеј од 5.7 инчи Full HD +, а работи со осумјадрен процесор MediaTek MT6750T, 1.5 GHz. Основната верзија се продава со RAM: 4 GB и внатрешна меморија од 64 GB. Основната цена е 189,99 долари.
Поврзани артикли