Хрватската автомобилска компанија „Римац“ со влог од 200 милиони евра ја почна изградбата на новиот мегакампус во Света Недела, во  близина на Загреб. Во тек се подготовки на земјиштето, а изведувач е хрватската компанија „Фациес“, пренесуваат тамошните медиуми.

Тој ќе  е 200.000 квадратни метри, од кои 95.000 квадратни метри ќе бидат работна површина. Неговата изградба чини 200 милиони евра, а моментално во е еден од најголемите градежни и финансиски проекти во државата. Ќе се гради според проект на загрепското студио „3ЛХД“ и архитектот Марко Дабровиќ.

Градската управа на Света Недела годинава потпиша договор за изнајмување на земјиштето на 69 години. Според договорот, „Римац“ мора да го заврши кампусот за најмногу 3 години по потпишувањето. Од компанијата велат дека тој ќе биде готов во 2023 година и дека таму ќе развиваат и нови модели на „бугати“.

Во рамките на кампусот, предвидено е да има има истражувачки центар, патеки за тестирање возила, производни хали и спортско-рекреативни содржини за вработените.

Подготовките за кампусот почнаа во 2019 година. Во меѓувреме компанијата ја продлабочи соработката со „Порше“ преку повеќе зделки, потпиша договори за техничко партнерство со „Хјундаи“ и „Киа“ вредни 80 милиони евра, најави производство на автономни такси-возила за Загреб, го промовира прототипот на хиперавтомобилот „невера“ и го презеде луксузниот бренд „бугати“ од „Фолксваген“.

Компанијата моментално располага со 1.100 вработени кои работат на шест локации.