Оперативниот систем Windows 7 ќе живее подолго од очекуваното. Ова стана јасно од неодамнешната одлука на Microsoft да го продолжи платениот период на поддршката што компанијата им ја дава на корпоративните корисници.
Првично, Microsoft планираше да ја прекине целосно поддршката на Windows 7 во 2020 година. Но сега компанијата го продолжи овој рок за две години – корпоративните корисници ќе можат да се потпрат на платена поддршка, вкл. безбедносни надградби до јануари 2023 година. Промената се однесува на верзии на Windows 7 Professional и Enterprise.
Корпоративните клиенти на Windows 7, кои по една или друга причина се уште не се решаваат да преминат кон актуелната верзија Windows 10, ќе добиваат напредни ажурирања на безбедноста (Extended security updates – ESU) во текот на уште две години по истекот на првично објавениот рок.
Microsoft ќе достави ЕСУ во замена за надомест, при што цената на услугата ќе се зголемува секоја година. Корисниците на Windows 10 Enterprise и Education ќе добијат отстапки при купувањето на Windows 7 ESU.
Корпоративните корисници на облачната услуга Microsoft Office 365 Pro Plus кои платиле за ESU, ќе можат, како и порано, да ги користат податоците од канцеларискиот пакет во Windows 7.
Иако стремежот на Microsoft да ги префрли своите клиенти побрзо кон Windows 10, се уште огромен број на корисници користат Windows 7. Според податоците на NetMarketShare, макар и застарени, Windows 7 е најпопуларната десктоп платформа со удел од 42% при РС.