Идниот предводник на Xiaomi ќе биде објавен во октомври и ќе има 5G способности. Ова беше објавено преку публикацијата на Твитер од продукт менаџерот на кинеската компанија – Донован Сунг. Споделената фотографија ја прикажува токму оваа функционалност на Mi Mix 3.
Интересно во случајот е дека првите мрежи од петтата генерација ќе стартуваат неколку месеци по премиерата на смартфонот, па барем во почетокот овој додаток нема да има особена примена. Според Сунг, Mi Mix 3 постигнува до 10 пати повисоки брзини на симнување од оние во сегашните 4G мрежи. Оваа изјава за жал не е особено индикативна, бидејќи како што е познато, во одделни земји има сериозни разлики во реално остварливите брзини на LTE.
Во моментов, предводникот на Xiaomi е првиот официјално потврден 5G паметен телефон. Moto Z3 ќе може да биде надграден до петтата генерација мрежи преку специјален модул со модем Snapdragon X50, кој ќе биде пуштен на пазарот следната година.
Останатите компании, кои во моментов имаат најавени планови за 5G телефони се LG, Huawei и Samsung, но тие ќе бидат достапни дури во првото полугодие на 2019 година, кога се очекува и реално пуштање на првите јавни мрежи.
Поврзани артикли