Apple објави дека некои iPhone 8 уреди имаат фабрички грешки кои што можат да предизвикаат проблеми во работата.
Иако не станува збор за некаков голем проблем кој што опфаќа исто така голем број на продадени телефони, сепак од Apple забележале дека некои iPhone 8 телефони кои што биле продадени од септември 2017. година до март оваа година, имаат проблем со матичните плочи.
Поради тоа, од Apple одлучија да ја отворат програмата “Logic Board Replacement Program”.
Според соопштението на американската компанија, станува збор за многу мал процент на телефони кои што имаат фабрички дефект кој може да доведе до рестартирање, замрзнување или блокирање на вклучувањето на телефонот.
Проблемот бил воочен само кај iPhone 8 моделите, а не и кај Plus моделот. Корисниците кои што ги купиле своите телефони во споменатиот период ќе можат да побараат замена на нивниот телефон. Притоа, доколку има некакви физички оштетувања, истите ќе мора да бидат санирани пред телефонот да биде замена.
Акцијата ќе трае додека не истечат три години од почетокот на продажбата на iPhone 8, а на корисниците на кои што ќе им бидат заменети телефоните, нема да им биде продолжена гаранцијата.
Извор: B92.net