Норвешка ја заврши конструкциската рамка на највисокиот облакодер во светот кој ќе биде еколошки и отпорен на оган.
Дрвениот облакодер Мјос ќе се гради во близина на истоименото езеро што се наоѓа 100-ина километри северно од Осло.
Ќе биде висок 85,4 метри и ќе има 18 ката.
Инвеститорите велат дека со користењето дрво кое е обновлив материјал може да се намали застапеноста на јаглероден диоксид, за разлика од бетонот, кој е основен материјал на станбените објекти во градот.
Мјос ќе содржи станови, затворен базен, хотел, канцеларии, ресторан и заедничка просторија.