Американската платформа за онлајн трговија, Amazon надмина пазарна вредност од илјада милијарди долари со што стана втората американска компанија која достигнала толкава вредност.
Технолошкиот гигант Apple, со чии акции се тргува на берзата, на 2 август стана прва компанија во светот чија пазарна капитализација достигна илјада милијарди долари. Причината за таквиот успех на Apple, според „Њујорк тајмс“, е едноставна бидјеќи станува збор за компанија што произведува уреди на кои многу луѓе сакаат да потрошат големи суми пари.
Сега Amazon, чиј основач и извршен директор Џеф Безос е „тежок“ колку и Бил Гејтс и Ворен Бафет, е втора американска компанија што ја надмина таа линија.
Amazon зема по 49 центи од секој долар потрошен во е-трговија во САД, вработува повеќе од 550.000 луѓе и годишно генерира приходи во висина од 178 милијарди долари.