За прв пат, минатата недела еден автономен автомобил од Apple е вмешан во сообраќајна несреќа.
Тест возило на Apple (Lexus RX450h) e удрено од позади додека се движело полека чекајќи безбедно да се вклучи на автопат во близина на седиштето на компанијата во Калифорнија.
Автомобилот бил во режим на автономно движење и се движел со помалку од 15 km/h кога од задниот дел го удрил Nissan Leaf. Според извештајот на одделението за транспорт, возилото на Nissan се движело со 25 km/h. Од ударот двете возила биле оштетени, но за среќа без повредени.
Apple во месец мај започна со тестирање на 55 автономни возила во Калифорнија. На патиштата повеќе од нив има само General Motors (104), а мистериозниот проект е наречен Титан.
Технолошкиот гигант уште во 2017 година најави лансирање на сопствен систем за автономно возење, а неофицијално, компанијата неодамна поднела патент за ваков тип возило, кое за разлика од конкуренцијата, за следните чекори возачот во возилото го предупредува однапред.
Овој инцидент е прв за Apple и релативно мал во споредба со другите конкурентски компании како Uber, чие автономно возило, на пример, за време на тестирање на отворен пат во Аризона прегази пешак.
Поврзани артикли