Астрономите открија нова фаза во еволуцијата на младите соларни системи, пишува Science Daily. Се работи за една ѕвезда од минијатурен раст, чија слаба светлина не може да достигне до нас преку облак од гас и прашина што ја опкружуваат. Но, ова не ги спречи научиниците да го истражуваат непознатото во врска со оваа ѕвезда.

Макотрпната анализа открила некои интересни структури од облаци од прашина и гас, и покрај тоа што сликите на кои работеле биле прилично тешки да се разберат.

“Најголемиот академски предизвик со кој се соочив беше да најдам смисла од зрнестите слики. Многу е тешко да се определи што точно гледате“, изјавила истражувачката Јуки Окода, која работела на проектот.

Моделот што бил потоа направен бил изненадувачки за Окода и нејзините колеги, но совршено се вклопил во податоците. Моделот опишува густ диск на материјал кој се состои од гас и прашина од облакот што ја опкружува ѕвездата, а ова никогаш порано не било забележано кај толку млада ѕвезда.

Дискот е претходник на протопланетарен диск, кој е далеку погуст и евентуално формира планетарен систем во орбитата околу ѕвезда.

“Не можеме да кажеме со сигурност дека овој диск ќе се претвори во нов планетарен систем. Облакот од прашина може да биде извејан од стеларните ветришта или пак би можел да падне во самата ѕвезда, хранејќи ја во процесот. Она што е возбудливо е колку брзо сето тоа може да се случи“, додава Јоко Ојо, која исто така е дел од истражувачкот тим.