Рускиот производител на легендарното автоматско оружје AK-47 предизвика голем интерес кај присутните на Army-2018 Forum, што се одржа во Москва. Инженерите на Калашников создадоа огромен робот, кој е инспириран од научно-фантастичните филмови „Aliens“, кој се очекува да се користи во идните воени мисии на руската армија. Тековната верзија е само прототип и има ограничена функционалност.
Кодното име е „Igorek“ и тој се одликува со тежина од 4.5 тони и височина од 3,9 метра. Роботот на Калашников се управува преку неколку контролори распоредени во кабината, која е изградена од специјална облога, што обезбедува заштита против куршуми. Контролорот на „Igorek“ ќе користи лостови, за да ги контролира двете раце на телото, кои се доволно големи за да држат оружје и да се користат во вистински борбени дејствија, соопштува „BusinessInsider“.
Финалната верзија на роботот се очекува да биде еден од главните моменти на „Army-2020 Forum“. Тука е време да се спомене дека компанијата развива нова генерација на оружје, кое се уште се чува во тајност. Калашников веќе освои неколку проекти за создавање на таква опрема од страна на руската влада. Можеме да бидеме сигурни дека нивните инженери ќе сторат сé за да ја задржат својата беспрекорна репутација.