Google Chrome не само што продолжува да биде најпопуларниот десктоп прелистувач, туку и го зголемува својот удел на пазарот секој месец, со што им отежнува на ривалите да го престигнат.
Microsoft Edge некогаш се сметаше за потенцијална алтернатива за Google Chrome, но новите податоци од NetMarketShare во август сугерираат дека прелистувачот на Microsoft е доста далеку од сите свои конкуренти.
Chrome е толку доминантен на пазарот што е речиси невозможно за друг прелистувач дури да размислува да дојде на прво место во оваа област.
Прелистувачот на Google моментално поседува 65,21% од пазарот (во споредба со 64,67% еден месец претходно), додека Mozilla Firefox е втор со 9,76% (со мал пораст од 9,68% од јули).
Кога станува збор за Microsoft Edge, забележано е само мало подобрување во текот на претходниот месец, со зголемување од 4,21 отсто на 4,31 отсто во текот на август.
Во наредните месеци, Google Chrome се очекува да ја продолжи својата доминација во пазарот за интернет прелистувачи за компјутери.