Acer Swift 7 е најтенкиот лаптоп во светот (ВИДЕО)

На почетокот на годината Acer го промовираше лаптопот Swift 7, чија дебелина од 8.98 мм го направи најтенок во светот. Неколку месеци подоцна, компанијата е подготвена да покаже нова верзија на уредот, која исто така е со дебелина под 10 мм, но сега нуди дисплеј со минимални рамки кој зазема 92 проценти од куќиштето. Тежината на компјутерот со тело од магнезиумска легура е помала од 1 кг.

Тајванската компанија тврди дека тоа е најтенкиот лаптоп во светот, а во однос на карактеристиките откриваме процесор Intel Core i7 од 8-та генерација и 14-инчен дисплеј чии рамки се намалени до 4.27 мм, а тоа доведе до намалување од 15 % на вкупните димензии во однос на првата верзија. Засега нема детали, а освен тоа не е јасно кога ќе започнат продажбите и по која цена.