Два гигански астероиди во текот на неделава ќе поминат опасно блиску покрај Земјата, предупредуваат од NASA. Еден од астероидите веќе поминал покрај Земјата во неделата вечерта, додека останатите два ќе го сторат тоа во понеделник, пишува Express.
Се проценува дека сите три астероиди се со големина помеѓу 54 метри и 820 метри во дијаметар, a два од нив се означени како “потенцијално опасно“. Првиот астериод, кој помина покрај во неделата, е наречен 2001 RQ17 и се проценува дека поминал покрај Земјата на растојание од 7.4 милиони километри.
NASA процени дека неговиот дијаметар бил некаде помеѓу 80 и 180 метри. Другите два астероиди ќе поминат покрај Земјата во понеделник. Поголемиот од двата, астероидот FP118, е помеѓу 350 и 820 метри во дијаметар.