Лин Бин, претседателот на Xiaomi, објави фотографија на претстојниот Mi Mix 3 телефон, кој ќе има pop-up/slider камера.
Во овој момент, малку е познато за овој смартфон, што го прави интересен фактот дека Xiaomi е подготвен да сподели некои информации за уредот што е можно порано. Судејќи според фотографијата, се очекува да биде вграден истиот екран од еден до друг раб, што се искористи и во претходните модели, како и pop-up камера која најверојатно ќе има два сензори.
Останува да се види колку добро новиот тренд со камера на лизгање ќе биде прифатен од корисниците, бидејќи многумина стравуваат дека механизмот ќе престане да работи во одреден момент или дека може да се оштети кога ќе се отвори, а потоа нема да може да се затвори.