Следното нешто што би можело да помогне во потрагата во вонземски живот не се наоѓа во длабоката вселена, туку токму тука на Земјата – а тоа е еден подземен вулкан на околу дваесетина милји од Големиот остров на Хаваи.
Како дел од проектот наречен Subsea (Systematic Underwater Biogeochemical Science and Exploration Analog), научниците на научноистражувачкото возило Наутилус ќе пуштат во експедиција две возила, Херкулес и Аргус, кои ќе имаат задача за да го истражат вулканот, исто како да се наоѓаат на “некој друг свет“.
Регионот околу Големиот остров изобилува со голема мрежа на хидротермални отвори низ кои тече жешка минерална вода, а таквите средини се богати со биоразновидност – од бактерии од огромни школки и водни црви. Херкулес и Аргус ќе имаат задача да го измерат составот на водата и да ги простудираат организмите кои се наоѓаат околу отворите.
Во текот на минатата деката, научниците дојдоа до заклучоци дека слични отвори најверојатно постојат на Енцеладус, една од месечините на Сатурн, како и на останатите месечени во соларниот систем, а кои се богати со вода. Овие заклучоци веднаш го поставија прашањето дали околу таквите хидротермални отвори може да постои и вонземски живот.