Амазон работи на рекламно-поддржан видео сервис кој ќе биде достапен за корисниците на Fire TV уредите, изјави The Information. Според луѓето запознаени со ова прашање, услугата најверојатно ќе го носи името Free Dive и ќе ја развие подружница на компанијата IMDB. Најверојатно ќе има постари телевизиски емисии и Амазон, наводно, ќе разговара за лиценцирање со некои од поголемите студија.
Гласините за таков сервис се појавија минатата година, а Амазон не успеа да го негира проектот, велејќи во тоа време дека “нема планови за создавање на бесплатна верзија од Prime Video со поддршка за реклами”. Според деталите што ги даваат извори од The Information, Free Dive дефинитивно нема да биде бесплатна верзија на Prime Video. Тоа би бил целосно посебен сервис и најверојатно со различни содржини. Услугата ќе дозволи Амазон да се натпреварува со слични сервиси како што се Roku и Vudu, притоа давајќи и на компанијата дополнителен начин преку кој ќе генерира приходи од реклами.