Неколку украински истражувачи велат дека мистериозната структура лоцирана во Египет позната како Големата Сфинга е далеку постара од прифатеното тврдење дека била изградена за време на владеењето на фараонот Кафре, помеѓу 2558-2532 п.н.е.
Маничев Вјачеслав и Александар Пархоменко велат дека доказ за тоа е ерозијата од вода кај спомениците во долината на Гиза, која покажува дека споменикот бил делумно поплавен.
Во еден труд, тие напишале: “Широката геолошка литература го потврдува постоењето на долготрајни слатководни езера во различни периоди на кватернерскиот период од раниот плеистоцен до холоценот.
“Овие езера биле распространети низ областите што се граничат со Нил”.
“Апсолутните траги на горната голема еродирана пештера на сфингите одговара на нивото на површината на водата достигната во раниот плеистоцен.
“Големиот египетска Сфинга на тој начин веќе стоела во долината на Гиза во ова геолошко (историско) време”, изјави тој.
Ако е точно, ова во голема мера ќе го смени нашето разбирање за историјата. Сепак, теоријата за ерозија на водата е побиена од археолошките експерти.
Захи Хавас, поранешен египетски државен министер за антиквитети беше прашан дали е можно уште подревна цивилизација да ја изградила Сфингата.
“Се разбира, тоа не е можно поради една единствена причина – ниту еден артефакт, ниту еден натпис, ниту керамика, ниту нешто не е пронајдено досега на кое било место кое би можело да го потврди постоењето на друга цивилизација пред египетската пред повеќе од 5.000 години”, изјави тој за ПБС.
Последната мистерија, пак, е уште една од низата мистерии кои ја опкружуваат Сфингата – митското суштество со тело на лав и глава на човек.