LG оваа година веќе претстави два телефони од V серијата: V30S ThinQ и V35 ThinQ, и двата модели изгледаат идентично како нивниот претходник V30. Првиот нов овогодишен модел од V серијата треба да биде V40 ThinQ, а сега се појавија неговите рендери.
Иако на прв поглед изгледа дека телефонот нема засек на врвот од екранот, тој постои, но е софтверски затскриен. Рабовите на страниците се речиси непостоечки, додека долниот раб е доста тенок за денешни стандарди.
Како што гласините и претходно сугерираа, LG V40 ThinQ доаѓа со пет камери – две на предната страна и три на задната страна. Не постојат информации за спецификациите на камерата, но се претпоставува дека LG ќе ги задржи широкоаголните и телефото опции.
V40 се очекува да биде изработен од стакло од двете страни, со сензор за отпечаток на прстите на задниот дел. Тука е и копчето за Google асистентот, на левата страна под копчињата за звук. Копчето за вклучување на телефонот се наоѓа на десната страна. Уредот го задржува 3.5mm приклучокот за слушалки.
LG телефонот најверојатно ќе го користи Snapdragon 845 чипсетот, додека технологијата на екранот се уште не е позната (V30 серијата имаше P-OLED, додека G7 користеше LCD). Засега не е познато кога LG точно ќе го претстави својот нов телефон од V серијата.
Поврзани артикли