Компанијата Google идентификувала и исклучила 39 канали на YouTube поврзани со наводниот обид на Иран за ширење лажни вести во САД, пренесува Ројтерс. Освен тоа, Google исто така отстрани шест блогови на Blogger и 13 Google сметки.
“Нашата истрага за овие работи е во тек. Ние ќе продолжиме да ги споделуваме нашите наоди со полицијата и другите релевантни владини субјекти во САД и понатаму”, нагласуваат од компанијата.
Компаниите Facebook, Twitter и Alphabet колективно во вторникот исклучиле повеќе стотина сметки поврзани со наводното пропагирање на Иран.
Од компанијата Facebook тогаш објавија дека операциите за манипулирање како таргети ги имале Латинска Америка, САД, Велика Британија и Блискиот Исток.
“Некои од овие активности се иницирани од Иран, други од Русија. Се работи за различни кампањи и ние не идентификувавме никаква врска или координација меѓу нив”, истакнуваат од Facebook.