Мумија за којашто се претпоставувало дека е природно зачувана, покажала траги од средства кои се користеле при процесот на мумификација во Египет илјадници години подоцна, пишува Live Science.
Ембалирањето во древниот Египет се вршело и пред појавата на фараоните, ако се суди според оваа мумија. Тоа значи практиката на мумифицирањето започнала најмалку 1,500 години порано од она што се сметало за почеток на овој процес.
Мумијата, возрасен маж во фетална позицијата, е стара околу 6,000 години. Претходно се сметало дека таа била природно зачувана од страна на пустинските услови каде што била закопани. Но првите тестови на остатоците покажале дека таа била ембалирана, што значи дека ова е воопшто првиот примерок на египетска мумификација.