HMD Global во мај го претстави својот прв Nokia телефон со засек на горниот дел од екранот инспириран од iPhone X. По објавувањето во Кина, компанијата одлучи да го прошири Nokia X6 моделот на глобално ниво. Телефонот од средната класа, како што е Nokia 6.1 Plus, дебитираше во Хонг Конг минатиот месец, а сега е достапен и во Индија како најочекуваниот телефон на компанијата.
Нокиа 6.1 Плус не е единствениот уред што доаѓа на пазарот, бидејќи заедно со него доаѓа и Nokia 5.1 Plus, претходно познат како Nokia X5.
Nokia 5.1 Plus е малку поскромна верзија од моделот 6.1 Plus, со MediaTek Helio P60 процесор и 3GB RAM меморија во споредба со Qualcomm Snapdragon 636 чипот и 4GB RAM меморија. Големината на дисплејот на двата телефони изнесува 5,8 инчи, но 5.1 Plus доаѓа со поширок засек на екранот. Постои значителна разлика во резолуцијата, бидејќи Nokia 6.1 Plus има Full HD+ (2280 x 1080p), додека 5.1 Plus има поскромна HD + (1520 x 720p) резолуција.
Двата телефони го обезбедија најновиот софтвер со Google Android One, како и AI подобрувања на камерата. Nokia 6.1 Plus има посупериорна примарна камера од 16MP + 5MP секундарна камера, додека 5.1 Plus комбинира 13MP и 5MP камери. Предната камера со 16MP сензор, е дел од телефонот 6.1 Plus, додека послабиот модел има предна камера од 13MP.
Во моментов, цената е позната само за моделот Nokia 6.1 Plus, но за индискиот пазар, каде што ќе чини околу 230 долари за моделот со 64GB, а продажбата ќе започне на 30-ти август.