HP Mindframe слушалките се прилично радикален концепт бидејќи користат термоелектричен уред од двете страни што ги одржува вашите уши ладни за време на напорните гејминг турнири. Непосредно пред конференцијата Gamescom, компанијата откри дека слушалките ќе бидат достапни на пазарот во септември за почетна цена од 200 долари.

Слушалките се дополнети со уште неколку функции, откако беа најавени во мај, вклучувајќи го и поништувањето на бучавата како и чашки изработени од помек материјал. HP, исто така, имаше што да каже и во врска со претстојните Omen-line Obelisk десктоп компјутери, кои ќе бидат едни од првите со поддршка за NVIDIA GeForce RTX 20 линијата на графички процесори, вклучувајќи го и штотуку објавениот RTX 2080 Ti. Компјутерот ќе биде достапен во септември со почетна цена од 880 долари. Доколку го посетите Gamescom оваа недела, можете да ги погледнете и двата производи.