Asus ROG Phone ветува многу со инкорпориран Snapdragon 845 чипсет и 8GB RAM меморија. Сепак, се чини дека ќе постои и попристапна верзија со помалку RAM меморија. TENAA всушност наведува два такви модели.
Z01QD моделот има три капацитети на RAM меморија: 8GB, 6GB и 4GB, и опции за складирање остануваат 128GB и 512GB.
Брзина на процесорот (CPU) од 2.9GHz јасно покажува дека станува збор ROG Phone, а тоа го потврдува и футуристичкиот дизајн на задниот дел на уредот. Сепак, камерата од задната страна можеби нема биде иста. TENAA наведува само еден 12MP сензор, наместо 12MP + 8MP систем со две камери на сегашниот ROG телефон. Сепак, фотографите покажуваат постоење на систем со двојна камера, иако TENAA тврди нешто друго.
Постои несогласување и во врска со капацитетот на батеријата, па така се наведува 3850mAh модел наместо 4000mAh, но тоа е веројатно разликата помеѓу минималниот и стандардниот капацитет.
Покрај тоа, забележан е и моделот Asus Z01RD, кој се појави на Geekbench со Snapdragon 845 чипсет, 6,18-инчен екран со 2246 x 1080p резолуција и се чини дека се работи за верзија на моделот Zenfone 5Z.