Загадениот воздух што го дишеме има своја цена – на некои места скратува месеци, а на некои дури и години од животниот век.
Низ Европа и Северна Америка загадувањето во принцип намалува по година од животот, додека во делови од Африка и Азија достигнува до две години.
Важно да се напоменe е дека ова е средна вредност, што значи дека во индустриските региони загадувањето на воздухот може да предизвика и намалување на животниот век до 10 години.
Истражувањето користи податоци до 2016та година, и е прво истражување од овој тип направено на глобално ниво. Истражувањето ги клучува честичките познати како ПМ2.5, што се помали од 2.5 микрометри, а тоа е 30 пати помало од ширината на обично човечко влакно.
Џозеф Апти, научник од Универзитетот на Тексас, е лидер на проектот, и се надева дека ова истражување ќе ја зголеми свеста на луѓето за да извршат поголем притисок врз владините тела за воспоставување на подобри закони кои ќе го намалат индустриското загадување.