HMD Global вети дека ќе ги ажурира сите свои Nokia телефони на Android 9.0 Pie верзијата на оперативниот систем, а засега извршниот директор на Nokia потврди дека Nokia 7 Plus ќе биде првиот што ќе го добие споменатото ажурирање.
Покрај тоа што софтверот овој месец е во бета верзија, се очекува телефонот да почне да го добива ажурирањето на OTA од септември. Ова ќе биде првиот мобилен телефон со Snapdragon 660 кој ќе добие Android Pie. Се разбира, се претпоставува дека регионалната дистрибуција може да влијае на рамката за надградба, но повеќето 7 плус уреди ќе добијат надградби во септември.
Судејќи според тајмингот на објавување и релевантноста, Nokia 8 Sirocco и Nokia 6.1 би можеле да бидат следните кои ќе го добијат новиот Android Pie, иако во овој момент тоа се само шпекулации.
HMD Global си постави амбициозен план за ажурирање на сите свои Nokia телефони на Android 9.0 Pie, и останува да се види дали компанијата ќе успее да ја исполни поставената цел.
Поврзани артикли