Во Кина, сè повеќе и повеќе се популаризираат битките со роботи кои се управуваат од далечински управувачи. Борбите се одвиваат во мали арени пропратени со гласна рок музика, додека два метални уреда се удираат и кршат еден со друг, а наоколу летаат искри и парчиња.
Овие борби беа исто така одржани на маргините на Светската роботска конференција во 2018 година, каде учествуваа 57 тима од сите делови на Кина. Борбите со роботи траат три минути, а сопствениците од далечина ги контролираат специјално направените машини.
Сè е слично како едно обично боксерско натпреварување, со што секој удар се смета како еден поен, и доколку нема нокаут, судиите ги собираат поените и ја оценуваат борбеноста на роботот. Борбите со роботи, како што се “Battlebots” во САД и “Robot Wars”, беа популарни во Велика Британија уште на почетокот на векот.
Вообичаено за натпреварот е да има од 20 до 40 екипи, а сите учесници се главно љубители на роботи и студенти. Роботите се натпреваруваат во различни категории, од 13.6 до 110 килограми.
За создавање на робот од 13.6 килограми потребен е еден месец, а за поголемите и до три месеци, велат производителите за кинеското меѓународно радио.