Јужнокорејската канцеларија за интелектуална сопственост соопшти дека во последните шест години во земјата биле поднесени 276 барања за патенти кои се однесуваат на флексибилни панели. Произведувачите на телефони полека се префрлуваат на новата форма, за да ги надминат индустриските ограничувања на хардверските иновации.
LG Display поднел барања за најголем број на патенти (94), по што следи Samsung Display (80), Samsung Electronics (23) и LG Electronics (17), и сето тоа во период од шест години. Извештајот на јужнокорејската канцеларија исто така истакнува дека најголем број од патентите се однесуваат на шарките и технологијата на рамките (86), по што следат технологиите за враќање на панелите во првобитната состојб (50) и сензори за регистрирање на допирот на корисниците на свиткан екран (48).
Се очекува Samsung својот прв флексибилен телефон да го престави наредната година, а во приказната исто така се споменуваат и LG, Huawei како и Apple кои во 2020 година планира да претстави сопствен телефон со свиткан екран.