Aко вашиот новиот Samsung Galaxy None 9 по цена од 1000 долари не ви е скап, тогаш можете да им се обратите на ексклузивците од руската компанија „Caviar“ кои се подготвени да ви понудат нешто и поексклузивно и поскапо.
Станува збор за новиот Galaxy Note 9 кој чини 60 пати повеќе од неговата оригинална верзија. Причина, тоа што со телефонот добиваш и 1 килограм злато.
„Caviar“ подготвува специјално златно издание на новиот модел на Samsung кој ќе има златна подлога тешка дури 1 килограм. Во теорија, компанијата, исто така, нуди поевтини модификации, но, се разбира, ако го сакате најдобро, овој модел ќе чини 60.000 долари.
Моделот е наречен Galaxy Note 9 Fine Gold Edition, и се нуди во верзијата со 128GB. Онаа верзија со 512GB вреди уште повеќе.
Поврзани артикли