Откако претходно оваа година Google додаде доверлив режим за мејловите во десктоп верзијата на услугата Gmail, сега таква можност се појави и во мобилната варијанта на популарната е-пошта.
Доверливиот режим им овозможува на корисниците да наместат временски период по кој примачот губи пристап до писмото. Покрај тоа, овој режим ја поддржува можноста да поставите лозинка за пристап до пошта.
Како и со десктоп верзијата на Gmail, писмата испратени во овој режим, не можат да бидат доставени на друг примач или да се копира нивниот текст. Но, можноста за правење „принтскрин“ останува.
Gmail е најпопуларната облачна мејл услуга со повеќе од една милијарда активни корисници. Ажурирањето со новата функција за доверливост на писмата ќе се врши постепено за корисниците на услуги ширум светот.