Според извори од Кина, Apple ќе почне со продажба на својот безжичен полнач AirPower во септември.
Според истата информација, почетната цена за производот ќе биде 1.000 јуани (145 долари).
Слични детали за премиерата на AirPower, исто така, беа објавени претходно од Bloomberg, па сосема е веројатно дека компанијата од Купертино овојпат ќе може да го исполни овој рок.
Првично, AirPower требаше да се појави во јуни, но во последен момент презентацијата беше одложена поради проблеми со прегревање.
Како техничка карактеристика, полначот ќе овозможи истовремено безжично полнење на три различни уреди.