Во чекор со светските трендови и во согласност со потребите на нашиот пазар, „Сеавус едукативниот и развоен центар“ постојано работи на проширување и развој на своите академии, а оваа година ја прошири својата програма со отворање на Академијата за сајбер-безбедност, која се фокусира на креирање специјалисти за заштита, откривање и ублажување на заканите во полето на информациските технологии.
По тој повод, на 22 август, во просториите на Едукативниот центар ќе се одржи Challenge Day – натпревар за доделување една целосна и две полустипендии.
Натпреварот, кој по својата содржина е доста уникатен, се состои од практичен тест за примена на техники за откривање vulnerabilities или т.н. слаби точки на еден систем. Кандидатите на располагање ќе имаат една виртуелна машина (Kali Linux) до која ќе имаат целосен пристап и од која ќе ги бараат слабите точки на друга виртуелна машина. За учество на натпреварот, кандидатите за стипендија потребно е да имаат минимално познавање на оперативниот систем Linux, Kali Linux и најкористените алатки (nmap, msfcosnole итн.).
Аплицирањето е отворено до 20 август. Повеќе за настанот и натпреварот: https://www.facebook.com/events/673078139694353/
Повеќе за Академијата, програмата и можните работни позиции видете на линкот: http://www.sedc.mk/academy/academy-for-computer-networks/security-specialist/
Линк за аплицирање: https://goo.gl/forms/WvNabJg9HAb587r52
Поврзани артикли