Претпоставките дека извршниот директор на Tesla, Илон Мaск може да користи финансиски средства од Саудиска Арабија за купување на компанијата и нејзино повлекување од берзата, се покажаа како точни, откако тој и самиот ја потврди оваа информација.
Маск ги изненади сите со тврдењето дека планира да ја повлече Tesla од берзата и да ги купи акциите по цена од 420 долари, додавајќи дека парите биле обезбедени. Претходно оваа недела, Маск откри дека неговиот партнер од Саудиска Арабија е Државниот инвестициски фонд (PIF).
Тој открива дека Саудијците го убедувале да преземе ваков чекор уште пред две години, ветувајќи му поддршка да ја тргне компанијата од берзата. Интересот на саудиските инвеститори за електрични возила и неговата компанија, Маск го објаснува со потребата да се „диверзифицираат инвестициите надвор од нафтениот сектор”.
Тој обави дека неговиот последниот состанок со претставник на PIF бил на 31 јули, а потоа „немало сомнеж дека може да се постигне договор со Саудискиот фонд, така да останува само да се започне со постапката”.
Токму затоа Маск и изјавил дека „финансирањето е обезбедено“, како што напиша на Twitter.
Според него, потребните пари за тоа ќе бидат многу помалку од 70 милијарди долари, бројка со која се шпекулира во медиумите. Причината за ова е дека фондот нема да ги откупи сите акции, туку само оние од акционерите кои не сакаат да останат со компанијата кога веќе нема да се тргува на берзата.