Кинеската компанија Xiaomi се уште не го објави на пазарот својот таблет Mi Pad 4, а сега веќе почнаа да се појавуваат информации за Mi Pad 4 уред со Plus големина,
Се очекува дека Xiaomi Mi Pad 4 Plus ќе има екран од 10 инчи, додека чипсетот најверојатно ќе остане Snapdragon 660.
Меморијата ќе биде достапна во две варијанти: 4GB RAM и 64GB простор за складирање, како 4GB RAM и 128GB интерна меморија.
Xiaomi Mi Pad 4 Plus with large 8620mAh battery rolls out https://t.co/0paog7ljJd pic.twitter.com/AtQh8cGOmO
— Android Community (@Androids) August 14, 2018
Капацитетот на батеријата исто така би требало да биде зголемен, бидејќи ќе мора да го напојува поголемиот дисплеј.
Информациите за Xiaomi Mi Pad 4 Plus засега се штури, а повеќе детали би можеле да се очекуваат во наредните недели и месеци.