Очекувањата дека Chromebook уредите (мобилни компјутери што работат на Chrome OS), ќе можат да работат и со Windows 10, се потврдија. Според публикации на форумот на XDA-Developers, моделите Pixelbook ќе ја поддржуваат платформата на Microsoft.
Претходно се појавија информации дека Pixelbook ќе подржува работа со два оперативни системa, но веќе е познато дека сопствениците на слични компјутери ќе можат да користат на еднаква основа секоја од двете платформи, а преминот од еден на друг систем ќе се врши со гласовна команда.
Учесници на форумот XDA-Developers открија во Pixelbook потврда на тоа, дека Chromebook уредите ќе можат да работат како со Chrome OS, така и со Windows 10. Во иднина, слична функционалност ќе стане домен и на други модели на Chromebook.
Единствената карактеристика на овој тип компјутери за двоен оперативен систем е вградениот волумен на меморија – тој треба да биде поголем од 40 GB. Секој корисник ќе може лесно да инсталира Windows 10 на својот уред, без да биде програмер.