Motorola организира специјален настан во Кина, на кој се очекува локалната премиера на Moto Z3, но заедно со неа можеби ќе видиме и три нови уреди Moto P30, P30 Play и P30 Note. Ова се уреди кои до сега беа непознати, но нивниот изглед на интернет не открива многу за нивните карактеристики, освен деталите за боите и меморијата.
Се наведува дека Moto P30 ќе се нуди со 6GB/64GB и 6GB/128GB меморија во бела, црна и повеќебоен градиент, а P30 Play ќе има 4GB/64GB меморија и ќе биде достапен во бела и црна. Од Мото P30 Note очекуваме 4GB/64GB и 6GB/64GB меморија и само една боја на телото – црна.
Во меѓувреме, кинеската социјална мрежа Weibo покажа фотографии и детални карактеристики за Moto P30. Сликите откриваат дека ова ќе биде првиот уред на Motorola со „исечен“ дисплеј, а страничните рамки околу екранот изгледаат многу тенки. Подолу, сепак, постои поширока област слична, како кај Lenovo Z5.
На задниот панел забележуваме двојна камера со дизајн кој потсетува на iPhone X и сензор за отпечатоци под логото на Motorola. Според информациите, Moto P30 ќе предложи 6.2-инчен дисплеј со сооднос 19:9, чипсет Snapdragon 636, 6GB RAM, 64 / 128GB вградена меморија, двојна главна камера со 16МР и 5МР сензори, 12МР камера за селфи и батерија со капацитет од 3000 mAh.
Публикацијата открива детали и за цената на уредот – основната верзија ќе чини 1.999 јуани (255 евра), а онаа со 128GB меморија ќе се продава за 2.399 јуани (306 евра).