Идејата која се крие зад платформата FutureMe.org е едноставна. Потребно е сами на себе да си напишете е-порака, а ќе биде испратена неколку години подоцна.
Секако, ако не сакате да чекате со децении за да прочитате што сте напишале, постои опција што пораката ќе ви ја достави за една, три или пет години.
Преку кликнување на опцијата „избери датум“ тоа може да биде и многу подоцна, заклучно со 2068 година. Вашата е-порака можете да ја поделите и со широката публика, па така може да изберете „јавно“, но и „анонимно“, а провајдерот на услугите се обврзува да ја користи вашата е-адреса исклучиво за наведената цел.
Иднината на оваа услуга е несигурна и може да исчезне за 10 или 20 години. Но оваа веб-страница е активна веќе 16 години, па шансите да ви стигне сопствена е-порака и не се толку лоши.
Извор: B92.net