Модерните технологии ги стимулираат веб агенциите да ги тестираат своите граници, да доаѓаат до амбициозни идеи и да оживуваат неверојатни концепти. Веб сајтовите со привлечни и софистицирани интерактивни прошетки се свежите продукти на поместувањето на границите.
Тие се симбиоза на совршено креирани сцени и последни технологии. Овој концепт, и покрај тоа што бара стручни знаења, добива голема популарност, а креативците уживаат во слободата при изборот на методи за реализација. Од напредни манипулации со статички панорамски слики, до комплексни 3D композиции, уметниците може да креираат професионално обработени околини преку мноштво динамички елементи, значително збогатувајќи го корисничкото искуство со интересни факти и пресврти.
За целосно да може да го цените овој тренд, ви подготвивме свежа колекција на веб сајтови со одлични искуства кои се вредни за паметење.
1. Visit Laholm
Visit Laholm е атрактивен веб сајт каде што спектакуларните слики од градот се зачинети со динамички информации на екранот, за дополнително да го поттикнат интересот кај посетителите. Проектот на корисниците им нуди неверојатно патување низ Лахолм, овозможувајќи им да ги откријат неговите знаменитости и да ги погледнат познатите ресторани, пабови, хорели и други места.
2. Sonny’s Smokin Showdown
Sonny’s Smokin’ Showdown е веб сајт за настан, кој за само еден момент успева да го привлече вниманиете на корисниците со својот преубав дизајн. Тој е вешто креиран со помош на монохроматска околина, уметничка типографија и ретро елементи. Проектот ве води низ местото, фрлајќи светлина на распоредот, натпреварувачите, спонзорите и правилата.
3. Our Tam
Our Tam е мал веб сајт со добра намена, а тоа е да ја зголеми и рашири еколошката свест за Mount Tamalpais. проектот го привлекува вниманието преку добро изработена прошетка низ ридовите, а пленува со возбудливите приказни, слики и видеа.
4. Although Project 360
Иако Project 360 искористува статички слики како средство за патување низ фантастичните, снежни патеки, сепак тој освојува со својот изглед и ви овозможува неверојатно корисничко искуство. Концептот е изграден на серија живописни слики.
5. Concept Store Neptune
Concept Store Neptune има веб сајт кој одговара на неговото име во целост, оддавајќи слика на иновативност и креативност. 3D околината му овозможува на корисникот да се чувствува како да се наоѓа во продавницата, а малите динамички покажувачи го збогатуваат проектот со дополнителни информации.
6. BMW Autosalon
BMW Autosalon ви нуди можност да го посетите Меѓународното шоу на автомобили во Женева, без да мора да излезете од дома. Овој софистициран, целосно интерактивен веб сајт ви овозможува да ги откриете прекрасните BMW возила, виртуелно разгледувајќи ги во 360 степени. Колоритните слики целосно успеваат да ја пренесат атмосферата.
7. Wellstoried
Wellstoried е уникатен промотивен веб сајт за Land Rover. Вклучува повеќе од 600 приказни во кои автомобилот ја игра главната улога. Селектирајќи го соодветното јазиче, може да ги разгледате интересните моменти со фантастични фотографии и коментари од учесниците.
8. Iberia
Од земјата кон воздухот. Ова е уште еден промотивен веб сајт кој е посветен на леталата. Композицијата е убава, возбудлива и жива.
9. Antonio’s Bar
Antonio’s Bar поседува многу интересни работи кои сигурно ќе успеат да ве освојат. Веб сајтот е интерактивно патување преку видеа, приказни и слики кои го одземаат здивот и кои го полнат проектот со позитивна енергија и обезбедуваат пријатна атмосфера.
10. My Austria
My Austria е пионерски веб сајт кој ќе ве прошета низ знаменитостите на Виена на визуелно возбудлив начин. Веб сајтот организира кратко, но возбудливо патување со мноштво динамички елементи. Центарот со кружна контрола е сместен во срцето на страницата и служи како навигација и поле за информации.
Целосниот текст можете да го прочитате на веб-сајтот на Веб Академија Еверест