Проценето е дека околу 17 проценти од луѓето починуваат од рак, но помалку од 5 проценти од слоновите, кои што живеат 70 години и имаат 100 пати попотенционални канцерогени клетки, умираат од оваа болест.

Кај луѓето, како и кај сите други животни проблемот со зачестување на ракот е тоа што генот што е задолжен за супресирање на туморите има само една копија. Овој ген препознава оштетена ДНК и подоцна ги уништува клетките каде што се наоѓа, па кога овој ген ќе откаже, ракот и туморите лесно се прошируваат.

Научниците сега дознаа дека слоновите имаат 20 копии од овој ген, така што имаат поголема одбрана од овој тип на болести.

Научниците сега пробуваат да откријат која е причината за зголемениот број на овој тип на ген, и како да го зголемат бројот на копии од овој ген кај човекот.