Жена од Шангај мораше да го напушти својот автомобил откако нејзиниот iPhone изненадно експлодирал и почнал да гори. 20 секуди подоцна еруптираше во огнена топка.

На видео снимката може да се погледне како таа вози по улица кога изненадно нејзиниот iPhone 6 почнува да гори. Очигледно ја фатило паника, па жената вреснала, но продолжила да вози, бидејќи била сред сообраќаен метеж, а за момент уредот престанал да гори, пренесува “Sun”.

Дваесет секунди подоцна, паметниот телефон повторно се запали, но овој пат продолжил да гори. Во тој момент жената шокирана го сопрела возилото и излегла надвор извикувајќи: “Телефонот ми експлодираше!”.

Нејзиниот сопруг објасни дека во април таа ја променила батеријата во телефонот во продавница за брзи поправки Ho Ho. Од продавницата го земале телефонот назад и ѝ дале нова батерија откако експлодирала, но наводно одбиле да го поправат телефонот или да ја платат штетата настаната во самиот автомобил.

“Никој не го допре телефонот, едноставно експлодираше. Не го полнеше, ниту користеше. Кога ја купивме батеријата ни рекоа дека е оригинална, а сега одбиваат да преземат одговорност за тоа што се случи”, вели нејзиниот сопруг.

https://youtu.be/OAX3zUD47ck

Додека коментарите биле дека секој телефон би експлодирал доколку се чува на сонце, особено кога температурите се премногу високи.

Извор: Net.hr