Меѓу новите функции, кои Apple ги воведе во iOS 12, се наоѓа и опцијата за групни разговори за FaceTime видео платформата.

Објавувањето на iOS 12 верзијата се очекува следниот месец, а сопствениците на iOS уредите очекуваа дека ќе бидат во можност да објавуваат видео разговори со до 32 лица во истовремено. Новиот iOS build исто така требаше да им овозможи на FaceTime корисниците да носат Animoji дигитални маски додека разговараат со другите.

Претходно бета верзијата на iOS 12 им дозволуваше на корисниците да ги тестираат новите FaceTime групни разговори, но сега Apple официјално објави дека ги одложува новите можности на услугата. Во соопштението, компанијата истакна дека ажурирањето ќе го одложи за наесен.

Од Apple не ги објавија причините поради кои се одложуваат групните разговор на „FaceTime“, кои сега може да се очекуваат за во текот на есента.

Извор: Benchmark.rs