На сите нам добро би ни дошол потсетник за обврските кои треба да ги извршуваме во текот на денот, а тука од голема помош може да биде Windows 10, кој автоматски праќа потсетување по пат на е-маил. Постојат низа апликации кои можете да ги употребите за да може Windows 10 да Ве потсетува на состаноците, родендените и другите важни годишни прослави или сè што Ви е важно.
Меѓутоа, нема подобар потсетник од дигиталниот помошник Cortana. Еве како фукнционира тоа.
Доколку не сте ја исклучиле Cortana, опцијата Suggested Task би требало да биде активна уште на почетните подесувања. Доколку е, проверете дали на Cortana ѝ овозможивте пристап до Вашите комуникациски информации. Тоа можете да го направите ако отворите Settings, па Cortana и потоа Permissions & History. Кликнете на Manage the information Cortana can access from this device и проверете дали е вклучена опцијата Contacts, e-mail, calendar & communication history.
Потоа проверете дали е вклучена и опцијата Suggested tasks.
На таскбарот стартувајте ја Cortana, а потоа кликнете на Notebook на левата страна. Префрлете се на табот Manage skills, прелистајте до Suggested tasks да погледнете дали се вклучени. Потоа треба да се поврзите со сервис е-пошта со која што сакате да ја користите.
Отворете повторно Notebook, па Manage skills. Кликнете на Connected services и одберете Office 365, Outlook.com, Gmail или Knowmail во зависност од тоа кој е-маил го користите. Пратете ги упатствата за да се поврзите со корисничкиот профил.
Кога ќе завршите, Вашата Cortana е подготвена за употреба.