Апликацијата за телефонски повици Telegram стана главниот канал преку кој холандските криминални групи ги договараат своите активности, тврди холандскиот весник АД.
Весникот наведува дека холандските криминални груп преку апликацијата „Telegram прават зделки со кокаин, екстази, огнено оружје и автоматски пушки.
Во апликацијата Telegram, која е руска верзија на “Вибер“ и “Ватсап“, пораките се енкриптирани и компанијата не споделува никакви информации со истражните органи, така што им дава чувство на безбедност на криминалните групи, оценува весникот.
Преку оваа апликација беа координирани и терористичките напади во Париз,а според француските разузнавачки служби, таа е и „главната мрежа што ја користат терористите“.
Во 2016 година компанијата Telegram нудеше 300.000 евра на секој кој би успеал да ги декриптира пораките на апликацијата.
Поврзани артикли