Американската вселенска агенција NASA го одложи за утре лансирањето на сондата ,,Паркер”, прва сонда која треба да помине низ сончевата атмосфера. Сондата опремена со високо-технолошки штит е со големина на автомобил. Проектот чинеше 1,5 милијарди долари.
NASA првобитно за денеска планираше да ја лансира сондата од Кејп Канаверал во американската сојузна држава Флорида, но се појави проблем со хелиумскиот притисок, што беше откриено неколку минути пред полетувањето на ракетата со сондата.
Целта на мисијата е да се истражат соларните ветришта кои можат да ја погодат Земјата. Соларниот ветер е струја од наелектризирани честички, која ја исфрла горната атмосфера на Сонцето. Честичките успеваат делумно да побегнат од гравитационото поле на Сонцето, по пат на процес кој сѐ уште не е целосно објаснет.
Поврзани артикли