Travis Touch е уред којшто во себе има вградено 16 преведувачки провајдери вклучувајќи ги IBM, Microsoft, и Google). Travis го одбира најдобриот “преведувач“ врз основа од кои два јазика корисникот преведува.
Уредот може да преведе 105 јазици, од коишто поголемиот дел се во моментот на зборувањето.Иако поголем број на јазици можат да се преведат и без интернет, сепак за најдобри резултати потребна е конекција.
Travis Touch функционира така што корисникот одбира јазик на екранот со допир или гласовна команда, а потоа го притиска копчето за превод и почнува да зборува. Преведувачот во истиот момент покажува што се зборува на одбраниот јазик, па истовремено може да се провери и дали преводот е точен.
Доколку е поврзан со интернет, Travis Touch може да преведе до 4 реченици одеднаш. Тимот зад преведувачот е составен од луѓе од 14 различни националности, а канцелариите им се во Амстердам, Холандија, Шенжен, Кина, Лисабон, Португалија и Тривандрум, Индија.
Производот има своја кампања на платформата Kickstarter каде досега има собрано 197.954 долари, а првично побараната сума била 50.000 долари. Кампањата трае уште еден месец, а испораките се очекуваат во септември