На Земјата живеат над 7,6 милијарди луѓе, а тој број секојдневно се зголемува. Влијанието што го имаме врз планетава најлесно можеме да го сфатиме ако се прашаме што би се случило ако нè нема нас. Тој одговор го понуди страницата „What if“.

По неколку секунди

Кога сите луѓе наеднаш би исчезнале од Земјата, би настапил хаос во истиот момент. Авионите би паѓале, возовите би излегувале од шините, автомобилите би останале без возачи.

По еден час

По еден час би настанало затемнување во светот, бидејќи електраните би престанале со работа.

По еден ден

Следниот ден компјутерите автоматски би ги вклучиле погоните во нуклеарните електрани и така би се спречила катастрофа.

По три дена

Улиците би биле полни со животни.

По десет дена

За десет дена би попуштиле безбедносните мерки во нуклеарните централи и би настанале верижни експлозии, кои би ослободиле токсична радијација на планетата. Животните што живеат во погодените подрачја би загинале.

Домашните животни и стоката би се повлекле во планините.

По неколку години

За неколку години градовите какви што ги познаваме денес би личеле на тематски паркови. Радијацијата би се расчистила, а вегетацијата би почнала да расте по улиците и зградите. Сè би било прекриено со мов.

По 30 години

За триесет години сателитите што сме ги лансирале да ја истражуваат вселената би се вратиле на Земјата. Куќите и висококатниците би почнале да се рушат.

По 40 години

Глобалното затоплување би продолжило и по четириесет години од исчезнувањето на човечката популација.

По 60 години

За шеесет години морскиот живот би се обновил.

По 150 години

Природата би се вратила во својата природна состојба. Лондон би станал мочуриште, во Ванкувер над снегот и мразот би се извишувале само костурите на висококатниците, Лас Вегас би бил пустина.

По 500 години

По петстотини години шумите би станале поздрави отколку што биле во последните 10.000 години, а природата би ја избришала секоја трага од човековото постоење.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2554591448099493&id=2392248101000496&_rdr