Со целодневни перформанси, ново S пенкало и интелигентна камера, Galaxy Note 9 е создаден да ве следи во динамичното секојдневие.
Компанијата Samsung денеска го претстави Galaxy Note 9 – најновото дополнување на својата серија премиум Note уреди. Серијата Note е препознатлива по вклучувањето на најновите иновативни решенија од компанијата, па затоа Galaxy Note 9 се заснова на ова наследство како премиум паметен телефон кој обезбедува врвна изведба, ново S пенкало со можност за поврзување кое се појавува прв пат досега и најинтелигентната камера на Samsung досега.
„Note серијата отсекогаш е пример за премиум технологија и иновативност која ја дефинира индустријата, и Galaxy Note 9 не е исклучок од ова. Новиот уред е дизајниран за ниво на перформанси, моќ и интелигенција кои корисниците на денешницата ги сакаат и им се потребни. Фановите на Note се најлојалните корисници на Samsung. Знаеме дека тие сакаат сѐ – да го искористат максимумот од работните можности и можностите за забава, а Галакси Ноут9 е единствениот телефон кој може да ги следи нивните динамични животи.” – изјави ДЏ Кох, Претседател и Извршен Директор на Одделот за ИТ и Мобилни Комуникации во Samsung.
Бесконечниот екран (Infinity Display) е камен-темелник на дизајнерското наследство на Samsung, а Note 9 има досега најголем приказ од еден до друг раб од целата Note серија. Super AMOLED бесконечниот екран со големина од 6,4-инчи обезбедува навистина извонредно мултимедијално искуство. Бесконечниот екран на Galaxy Note 9 е надополнет со стерео звучници, подесени од АКГ (AKG), како и способноста да се испорача извонредно аудио од Dolby Atmos® за неверојатен звук кој нуди редално доживување. Видеото гледано од мобилен уред никогаш не изгледало и звучело подобро како од она пуштено на Galaxy Note 9. YouTube дури го нарече новиот Galaxy Note 9 како уред препознатлив по испорачување најдобро искуство при следење Јутуб содржини.
Батеријата од 4.000mAh на Galaxy Note 9 е најголемата досега на премиум Galaxy уредите, со долготрајна моќност за целодневна употреба при разговор, пишување, играње игри и гледање филмови од утро до вечер. Galaxy Note 9 е достапен со две внатрешни опции за зачувување податоци – може да изберете од 128GB или до 512GB. Со можноста да вметнете microSD картичка, Galaxy Note 9 е 1TB подготвен да ви обезбеди спокојство и уживање знаејќи дека имате доволно простор за омилените фотографии, видеа и апликации.
Galaxy Note 9 е супер моќен паметен телефон со најсовремен 10nm процесор и поддршка за највисоките мрежни брзини достапни на пазарот (до 1,2 гигабити во секунда) за проследување и преземање без забавување. Note 9, исто така го вклучува и водечкиот во индустријата, развиен од Samsung, систем за ладење со вода и јаглерод и алгоритам за адаптирање на перформансите базиран на вештачка интелигенција, за да ги испорача моќните, но стабилни перформанси.
Еволуција на S Pen
S Пенкалото е карактеристичен белег за Note серијата. Со негова помош корисниците го креираа својот препознатилв знак, а Samsung го прошири поимот за тоа што може да направи паметниот телефон. Она што започна како алатка за пишување и цртање, сега става повеќе моќ и контрола во рацете на корисниците.
Со поддршка за Bluetooth Low-Energy – BLE, новото S пенкало нуди сосема нов начин за користење на Note. Со само еден клик, сега е можно да се направат селфи и групни фотографии, да се презентираат слајдови, да се паузира и пушта видео, и уште многу други работи. Програмерите дури можат да го интегрираат новото S пенкало со напредни BLE функционалности во нивните апликации подоцна оваа година.
Интелигентна камера која креира совршени фотографии
Може да претставува предизвик да се креира фотографија која ќе изгледа исто како оние направени од професионалците – но повеќе не би требало да е. Галакси Ноут9 се базира на водечката технологија за камери на Samsung и нуди нови можности со кои добивате совршена слика.
Оптимизатор на сцена: Камерата на Galaxy Note 9 е најпаметната камера досега на Samsung. Таа користи интелигенција за да ги идентификува елементите на фотографијата, како што се сцената и субјектот, за автоматски да ги класифицира во една од 20-те категории и моментално да ја оптимизира врз основа на категоријата. Резултатот е неверојатен со реалистична слика во која има јасни бои и динамичка дефиниција.
Откривање недостатоци: Првото сликање не секогаш излегува онака како што посакуваме, но Galaxy Note 9 им овозможува на корисниците да знаат дека нешто не е во ред со фотографијата за да можат да направат друга, без притоа да го изгубат моментот кој сакаат да го зачуваат. Корисниците се известени со појавување на итно известување доколку фотографијата е заматена, субјектот трепка, има отисок или прашина на објективот или има задно осветлување што влијае на квалитетот на фотографијата.